Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ја обвини Москва денеска дека врши притисок врз неговата земја да се обедини со Русија и нагласи дека тоа нема да го дозволи.
Разговарајќи со работници на истокот на Белорусија, Лукашенко рече: „Ние имаме своја држава, ние сме суверена и независна“.
– Со нашите мозоци и со рацете заработуваме што можеме, ја градиме нашата земја, рече претседателот на Белорусија и додаде: „Не можеме да бидеме дел од друга земја“.
Русија престана да доставува нафта на својот постсоветски сосед по 31 декември. Двете земји не успеаја да се договорат за цената на нафтата оваа година.
Руската суспензија не влијаеше на доставувањето нафта од Белорусија во Европа или на снабдувањето со природен гас, но има последици за Белорусија, која зависи од Русија со повеќе од 80 проценти од своите енергетски потреби
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.