Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека сојузот меѓу Белорусија и Русија ќе биде помоќен, попромислен и понапреден од Европската Унија.

Во интервју за турската РТВ ТРТ, Лукашенко изјави дека сојузот меѓу Белорусија и Русија ќе биде постабилен и објасни дека Минск и Москва ќе ги имаат предвид сите грешки на Европската Унија, за да не ги повторат, како и дека дека ќе користат позитивните искуства.

Ние излеговме од иста држава – Советскиот Сојуз и знаеме што да зачуваме од советското минато, а што нема да ни користи – додаде белорускиот претседател.

Лукашенко посочи дека процесот на интеграција на двете земји ќе биде прогресивен и нема да биде врзан за никакви временски рокови.

Русија и Белорусија потпишаа Договорот за Сојуз меѓу двете земји во 1997 година, а главни цели беа зајакнување на соработката и стабилен развој врз основа на меѓусебно обединување на потенцијалите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.