Претседателите на Белорусија и Русија, Александар Лукашенко и Владимир Путин, во телефонски разговор изразиле верба дека сите проблеми што се појавија во Белорусија наскоро ќе бидат решени.

Овие проблеми не треба да ги искористени од деструктивните сили кои сакаат да и наштетат на меѓусебно корисната соработка меѓу двете земји – се вели во соопштението на Кремљ.

По реизборот на Лукашенко за шеф на државата во неделата, во Белорусија имаше масовни протести со обвинувања за фалсификување на резултатите.

Опозицијата во државата подготвува нови масовни демонстрации за викендов.

Светлана Тихановска, главниот противник на Лукашенко на минатонеделните избори, вчера повика на масовни, но мирни протести во текот на викендот.

Во досегашните протести се приведени повеќе од 6.700 лица, стотици се повредени, а двајца починаа. Белоруската Влада вчера се извини и почна да ослободува демонстранти.

Протестите во Белорусија избија откако долгогодишниот лидер Александар Лукашенко победи на изборите во неделата. Тој е на власт од 1994 година, а сега го освои шестиот мандат со поддршка од 80 отсто гласови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.