Норвешката министерка за здравство, Силви Листхауг, смета дека на луѓето треба да им се дозволи да јадат, пијат и пушат колку што сакаат, пренесува Би-Би-Си.
Моето сфаќање на јавното здравје е мошне едноставно. Не мислам да бидам морална полиција и да им кажувам на луѓето како да живеат, но ќе им овозможам да се информираат и сами да одлучат“, порачува министерката додавајќи дека пушачите биле третирани како „отпадници“ во општеството.
На ваквите ставови реагираше главната секретарка на норвешката „Лига против ракот“, Ани Лиза Руел, со тврдење дека таквите изјави би можело да му наштетат на јавното здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.