Постојат стравувања дека повеќе од 500 куќи се уништени од шумските пожари во американската сојузна држава Колорадо, кои многу брзо се шират.

Знаеме дека приближно 370 куќи во предградието Сагамор… се изгубени. Уште 210 домови во Стариот град Супериор најверојатно ќе бидат изгорени – соопшти шерифот на округот Болдер, Џо Пеле.

Шумскиот пожар зафатил големо подрачје, откако се разгорел вчера претпладне, по локално време.

Поради брзо растечката опасност од надоаѓањето на пламените јазици, наредена е евакуација на голем број населби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.