Властите на Лос Анџелес, Калифорнија, почнуваат со бесплатно тестирање на сите жители на градот за новиот коронавирус, без разлика дали имаат симптоми на зараза или не, напиша на Твитер градоначалникот Ерик Гарсети.
Лос Анџелес е првиот голем град во САД кој покрена таква иницијатива. Приоритет ќе имаат граѓаните со симптоми, но можат да се тестираат и сите останати. Услугата не е задолжителна за луѓето кои се чувствуваат здрави, не излегувале од дома и не контактирале заразени лица.
Градската управа одлучи да ги тестира луѓето бесплатно, бидејќи во квартовите со сиромашни семејства смртноста од Ковид-19 е четири пати повисока отколку просечната бројка во земјата, додаде Гарсети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.