Една од најпознатите туристички локации во Шпанија, Љорет де Мар како мерка за заштита од коронавирусот за време на летната сезона планира да ги подели плажите на три различни сектори, за три возрасни групи. Популарните плажи во овој град, Лорет и Феналс, ќе формираат еден дел за повозрасни туристи, еден за фамилии со деца и еден за возрасни без деца, како парови или групи пријатели. Делот за возрасни ќе биде за парови и самци и ќе има две патеки за да се олесни пристапот.
-Следејќи ги препораките на СЗО, целта на планот е Љорет де Мар да го направиме најбезбедна можна локација, што ќе биде целосно подготвена да прими туристи во текот на ова лето без притоа да има какви било импровизации – вели градоначалникот на Лорет де Мар, Хауме Дулсат.
Тој појаснува дека раното и интензивното планирање и спроведување на ваквите планови се прави за да се ублажи ударот на кризата. Според предвидувањата на експертите бројот на туристи што ќе ги посетат шпанските плажи може да биде намален и за 90 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.