Лондонската полиција испрати 2.000 СМС-пораки до лицата што се снабдувале со кокаин од една албанска наркогрупа, а со цел да им помогнат во борбата со зависноста. Во поголемиот број од случаите станува збор за вработени во лондонскиот финансиски центар, а нивните телефонски броеви полицијата ги пронашла во два одземени телефони од организирана криминална мрежа, пренесува „Дејли мејл“.
Според „Тајмс“, во пораката се наведува дека дилерите се уапсени и нивните „муштерии” се контактирани за да им се понуди помош. Пораката била проследена со линк, кој е посетен 1.852 пати во Британија, а каде се даваат совети и поддршка за корисниците на дрога.
Лондонската полиција следела 12 Албанци, кои беа уапсени со 1,2 килограм кокаин во вредност од 144.000 фунти и лажни документи, како и со 20.000 фунти во готово. Во последните 12 месеци им е изречена казна затвор помеѓу 25 и 64 месеци.
„Дејли Меил” пренесува дека двајцата водачи на групата, Бледар Понари (28) и Фјораљб Фера (21), имале осум курири кои продавале дрога во лондонскиот финансиски центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.