Во текот на ноќта во Лондон е убиена 26- годишна жена, која била во осмиот месец од бременоста, а лекарите се борат за животот на бебето.

Полицијата добила повик во јужен Лондон околу 3.0 часот, каде на само место ја пронашле бремената жена во тешка состојба, ја породиле на самото место и бебето го префрлиле во болница во критична состојба, пренесува Ројтерс.

Избодената жена подоцна им подлегнала на повредите, а 37-годишен маж е уапсен поради наводна вмешаност во нападот.

Ова е ужасен инцидент во кој млада мајка го загуби животот, а нејзиното дете е во критична состојба – рекол детективот Мик Норман за Ројтерс.

Во Лондон се случил уште еден напад во кој животот го загубил маж на возраст од околу 30 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.