Кина е повторно во состојба на готовност по извештајот за новата мутација на корона вирусот откриен во Лондон, град кој сега се смета за „новиот Вухан“, од каде според научниците, почна да се шири пандемијата.
Како што пишуваат медиумите во Азија, Вухан ја повикал кинеската Управа за цивилно воздухопловство да забрани летови на патници од Велика Британија, а се разгледува и прекинувањето на летовите на товарни авиони од таа земја откако во септември повторно беше воспоставена рутата.
Некои кинески официјални лица и научници тврдат дека корона вирусот можеби не потекнува од Кина, а кинескиот државен весник „Јангце Дејли“ (Yangtze daily) наведува дека развојот на ситуацијата во Велика Британија може да биде „нов доказ дека вирусот има повеќе верзии и повеќекратно потекло“.
Корисниците на Интернет во Вухан го нарекуваат Лондон „новиот Вухан“ и се прашуваат дали новоназначената британска амбасадорка во Кина, Каролин Вилсон, можеби донела нов вид на корона вирус во нивниот град откако беше видена без заштитна маска на неколку официјални настани.
Вилсон пристигна во Кина од Велика Британија на крајот на октомври и помина 14 дена во карантин во амбасадата во Пекинг, а според некои медиуми, новиот вид на вирус најпрво бил откриен во септември на југоистокот на Велика Британија.
Според кинеската Национална комисија за здравство, во Вухан, кој беше блокиран од февруари до април, немало случаи на локално пренесување на вирусот од мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.