На неколку дена пред Божик, Лондон е град на духови. На улиците можат да се видат само работници, додека продавниците се затворени, а станиците напуштени.

Премиерот Борис Џонсон во саботата воведе остри нови ограничувања за Лондон и поголемиот дел од југоистокот, поради што повеќе од 16 милиони луѓе се наоѓаат во карантин.

Четвртото, највисоко ниво на предупредување стапи на сила во Лондон на полноќ, а луѓето беа принудени да останат во своите домови.

Во меѓувреме е пронајден нов вид коронавирус, поради што Велика Британија во голема мерка е отсечена од Европа, но и од светот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.