Локални избори во Унгарија ќе бидат одржани на 13 октомври, соопшти денеска шефот на државата Јанош Адер.

Од првите слободни избори во 1990 година воспоставени се сите уставни рамки да одлучуваме за својата судбина и сите прашања кои се однесуваат на нашата сегашност и иднина- напиша Адер на својата интеренет страница.

Според сите анкети, предност има партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан, а локалните избори ќе бидат тест за поделената опозиција да се обедини и заеднички да застане зад кандидати за градоначалник на Будимпешта и останатите градови.

Медиумите потсетуваат дека националистичката политика на Орбан ја разбранува Европа, но му помогна да обезбеди победа на седум изборни процеси по ред од 2010 година, на државно, локално и европско ниво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.