Британската Влада планира да почне тестирање за Ковид-19 по градови, а првото тестирање треба да биде спроведено во Ливерпул.
Во рамки на акцијата, на сите 500.000 жители на Ливерпул ќе им биде понудено да се тестираат, со цел да се запре ширењето на Ковид-19.
Тестирањето ќе се одвива по различни методи, вклучително и тестови кои даваат резултати од 30 до 60 минути.
Брзите тестови ќе помогнат во откривање на асимптоматските случаи за заразените лица да бидат во самоизолација и да се спречи ширењето на вирусот – истакнаa од британската Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.