Лидерите на земјите од групата В4 – Унгарија, Полска, Чешка и Словачка – вчера одржаа видеоконференција на која учествуваше и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, јави новинската агенција В4. Лидерите разговара за борбата против коронавирусот и предложениот пакет економска помош на Европската комисија, кој беше отфрлен од страна на средноевропските држави како недоволен и лошо проектиран.

На видеосредбата со Мишел, водачите на државите од групата В4 рекоа дека се подготвени конструктивно да работат на европските развојни планови, но дека прашањето бара дополнителна и подлабока анализа. Прашањерто бара подолги преговори и постигнување на квалитетен договор е поважно од тоа да се избрза и да се донесе било каков договор, порачале водачите на групата В4.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека В4 групата ќе одржи и директна средба следната недела во Чешка, при што дополнително ќе се дефинира заедничкиот став на групата кон европскиот план, кој предвидува заем од 750 милијарди евра кои потоа ќе бидат распоредени низ државите членки за разни инвестициски проекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.