Повеќе од половина од населението во Либан би можело да остане без основна храна до крајот на годинава, поради економската криза и по експлозијата во која беше уништен голем дел од пристаништето во Бејрут, предупредија денеска Обединетите нации (ООН).
Владата мора да преземе итни мерки за спречување на кризата, рече Рола Дашти, која е на чело на Економската и социјална комисија на ОН за Западна Азија (ЕСЦВА).
Таа ги повика властите да ги обноват силосите уништени во силната експлозија во пристаништето на 4 август.
Пристаништето е главната точка на влез на стоки во Либан, што зависи од увозот на храна, наведува агенцијата на ОН.
ЕСЦВА претходно соопшти дека Либан е парализиран од последиците од бројните шокови што ја осиромашија економијата и предизвикаа невиден пораст на стапката на сиромаштија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.