Поранешниот левичарски студентски лидер освои убедлива победа за да стане новоизбран претседател на Чиле.
Со веќе преброени речиси 97 отсто од гласовите, Габриел Бориќ има 55,8 гласови и предност од 12 отсто пред неговиот противкандидат од крајната десница, Хозе Антонио Каст, ултраконзервативен татко на девет деца, кој брзо го прифати својот пораз и го повика Бориќ да му честита.
Времињата што претстојат нема да бидат лесни. Само со социјална кохезија, повторно пронаоѓање и споделување на заедничка основа ќе можеме да напредуваме кон вистински одржлив развој – кој допира до секој Чилеанец, изјави Бориќ пред огромната толпа набиена на булеварот во Сантијаго.
Бориќ, кој по татко има хрватско потекло, доаѓа од Пунта Аренас на крајниот југ на Чиле, уживаше во метеорскиот подем од студентската политика за да биде следниот жител на Ла Монеда, претседателската палата на Чиле.
Тој значително го промени својот имиџ од неговото учество во студентското движење во 2011 година, излегувајќи од група млади студенти-политичари за да биде два мандати на националниот конгрес пред да се кандидира за претседател.
На 35 години, тој ќе стане најмладиот претседател на Чиле кога ќе положи заклетва на 11 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.