Американската агенција за храна и лекови го одобри како терапија против Ковид-19 лекот „Сотровимаб“, произведен од британската фармацевтска компанија „Глаксосмитклин” и нејзиниот американски партнер „Вир биотехнолоџи“.

Лекот е заснован на антитела и може да се користи за лекување на лесни до умерени случаи на Ковид-19, кај лица над 12 години и со тежина од најмалку 40 килограми.

Употребата на лекот не е дозволена кај хоспитализирани лица или луѓе кои се на кислородна поддршка.

Третманот со „Сотровимаб“ во САД ќе стане достапен во следните недели.

Европската агенција за лекови минатата недела ја одобри употреба на „Сотровимаб“ кај пациенти со Ковид-19, кои можат да развијат тешка форма на болеста и кои немаат потреба од кислородна поддршка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.