Првиот заболен Италијанец бил 38-годишен маж, кој завршил во одделот за интензивна нега.
Лекарите др. Франческо Мојоли и др. Рафаеле Брунорада во болницата „Сан Матео“ во Павија, Италија, раскажале како се грижеле за првиот пациент од коронавирус во Италија.
Станувало збор за 38-годишен маж кој завршил на интензивна нега на 20 февруари, но сега успешно се опоравува.
„Критично, но стабилната состојба е добар знак. Човекот е во болница веќе три недели и лекарите успеаа да го сфатат текот на болеста: состојбата брзо се влошува, проследено со долга фаза на стабилизација и конечно подобрување. Тој сега се наоѓа во одделот за пост-интензивна нега во Сан Матео и е во фаза што лекарите ја нарекуваат „повлекување“, во која постепено се прекинуваат шок-терапиите. Тој самиот дише и е полусвесен“, изјавиле лекарите за Кориере дела Сера.
Тие велат дека коронавирусот може да биде опасен и за помладите луѓе.
Коронавирусот може сериозно да влијае и на најмладите. Младите имаат повеќе оружја за борба против вирусот: третмани со „оживувања“ кои вклучуваат шок-терапии со антивирусни коктели од лекови, антибиотици и, експериментално, оние што се користат за лекување на ХИВ, кои можат полесно да се толерираат лицата кои веќе не се ослабени физички. За да може третманот да биде успешен, мора да има комбинација од три фактори: терапија која ја одржува виталноста (хидратација, вештачко хранење и сл.), третмани со коктели од експериментални лекови и отсуство на последователни компликации – рекоа италијанските лекари.
Тие исто така забележаа дека првиот заболен пациент во Италија стана симбол на фактот дека коронавирусот може да се лекува дури и кога лицето е во многу сериозна состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.