Боксерската легенда, Мани Пакјао поднел документи за неговата кандидатура за претседател на Филипините, со што стана првиот кандидат кој и официјално се кандидира за изборите за највисоката функција во оваа азиска земја, што треба да се одржат следната година.
Пакјао (42), кој во моментов е сенатор, вети дека, доколку победи на изборите и стане претседател на Филипини, ќе се бори против сиромаштијата и корупцијата и ќе ја реши пандемијата на корона вирусот.
Тој вети и дека ќе ги подобри Интернет услугите и ќе ги намали трошоците за електрична енергија на Филипините.
Мојата кандидатура не е само за мене и моето семејство, туку и за филипинскиот народ – порача Пакјао.
Откако ја поднесе кандидатурата до Комисијата за избори во рамките на политичката партија Промди, Пакјао кажа дека се надева дека „ќе им даде подобра иднина, особено на оние кои страдаат долго време“.
За оние кои крадат од филипинскиот народ, вашите среќни денови во владата се изброени. Ова е мое ветување кон фипипинскиот народ и кон Бога – изјави Пакјао.
Пакијао има своја политичка партија, Движење на народниот шампион, а, исто така, е член и функционер на владејачката политичка партија ПДП-Лабан на актуелниот претседател Родриго Дутерте.
Сепак, Пакјао објасни дека избрал да ја поднесе својата кандидатура под логото на Промди, политичката партија која е сојузничка со ПДП-Лабан, но влезе во кавга со Дутерте, чија фракција во владејачката коалиција се залагаше за уште еден негов претседателски кандидат.
Комисијата за избори од денеска до 8 октомври ќе ги прифаќа пријавите за кандидатура за претседател, потпретседател, сенатори и илјадници локални позиции за изборите во мај 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.