Легендарниот американски боксер, Џо Фрејзер, можеби почина на 7 ноември 2011 година, но сепак, се уште гласа во Филаделфија. Според официјални податоци на Градот, поранешниот шампион во тешка категорија гласал на изборите.
Во градските документи за „детални податоци“ на гласачите, точен е роденденот на Фрејзер, 12 јануари 1944 година, а во податоците е и адресата „2917 Н. Броад Стрит“, локацијата каде што се наоѓала старата вежбалница на Фрејзер во 1970-те години, во која Фрејзер тренирал за сите три шампионски борби против Мохамед Али.
За аномалии во избирачките списоци во Филаделфија и во целата држава Пенсилванија, реагираше и Рудолф Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк, и член на правниот тим на Доналкд Трамп.
Како што пишува порталот „Биг трајл.нет“, Фрејзер е еден од 22 починати жители на Филаделфија, коишто според градските официјални податоци, се уште гласат на изборите.
Друга позната личност што се уште гласа во Филаделфија е починатиот татко на актерот Вил Смит, Вилард Керол Смит сениор, кој почина ма 7 ноември 2016 година.
Тука е и Ана Хендерсон, највозрасната граѓанка на Филаделфијам која почина на 1 јули 2014 година, на возраст од 114 години. Сепак, според официјалните податоци таа успеала да гласа и неколку години подоцна.
Меѓу останатите на листата откриени имиња на мртви гласачи има седуммина одликувани полицајци коишто загинале на должност, еден убиен активист и 11 починати роднина на полициски службеници.
Како што пишува порталот, со оглед на очигледноста на овие примери не е тешко да се претпостави дека има многу повеќе починати граѓани што се уште гласаат во Филаделфија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.