Во одредени делови на Велика Британија дојде до застој во сообраќајот, бидејќи снегот и ледот ги заробија возачите во автомобилите, додека пистата на градскиот аеродрoм во Лондон на кратко беше затворена.

Затварањето на пистата доведе до пренасочување на летовите вчера, но сега аеродромот повторно е оспособен за нормално функционирање.

Британските метеоролози објавија предупредување за снег и лед и им советуваа на граѓаните да водат сметка доколку излегуваат надвор од своите домови.

Се очекува ледените темеператури да продолжат, бидејќи се очекува натамошен пад на температурите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.