Драматичната ситуација на аеродромот во Амстердам конечно е решена и службено, потврди авио компанијата  Air Europa, во чиј авион се случил инцидентот.

Имено, компанијата на својот службен Твитер профил објави дека дошло до „голема грешка“.

Лажна тревога. На летот Амстердам-Мадрид е активирано предупредување кое го активира протоколот за киднапирање на аеродромот. Всушност ништо не се случило, сите патници се сигурни и чекаат да полетаат. Длабоко се извинуваме, соопштија од компанијата.

Холандската воена полиција го истражуваше „сомнителниот случај“ кој предизвика откажување на сите летови од овој аеродром, а локалните медиуми пишуваат дека се активирал алармот на аеродромот кој пак потоа го активира протоколот за киднапирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.