Шефовите на дипломатиите на земјите претседавачи со Групата од Минск на ОБСЕ остро ја осудија ескалацијата на насилството во и надвор од зоната на Нагорно Карабах.

Сергеј Лавров, Жан Ив Ле Дријан и Мајкл Помпео, во заедничко соопштение потенцираат дека неодамнешните напади, во кои цели беа цивилни центри по должината на фронтот, но и на територијата на Азербејџан и на Ерменија надвор од зоната на конфликтот во Нагорно Карабах, како и неразумната природа на ваквите напади, безусловно претставуваат неприфатлива закана за стабилноста на регионот.

Во изјавата од групата, која потсетува на изјавата на тројцата копретседатели на шефовите на држави на групата министри на ОБСЕ од 1 октомври, министрите го повторија повикот кон двете завојувани страни да прифатат итен и безусловен прекин на огнот.

Од соопштението се гледа дека  земјите-копретседавачи се решени целосно да го спроведат својот мандат, што им го доверија ОБСЕ и меѓународната заедница, со придонес на главните градови на Групата од Минск.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.