Курдското прашање во Сирија не смее да ги влоши тензиите во регионот – изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој во интервју за телевизијата „Русија 24“ рече дека Курдите живеат во Иран, Ирак и Турција и дека никој не сака тој регион да експлодира поради тензиите околу курдскиот проблем, како и дека никој не сака Курдите да се чувствуваат како граѓани од втор ред.

Ова е многу пошироко прашање отколку само во рамки на сириската криза – рече Лавров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.