Откажана е посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Србија, откако Македонија, Црна Гора и Бугарија не дозволија прелет на авионот на рускиот дипломат.
Од макеонското МНР потврдиле дека го отфрлиле барањето на руската амбасада за прелет над македонска територија на авионот со кој Сергеј Лавров треба да патува кон Србија. Руското Министерство за надворешни засега не се појави со официјален коментар, а за денеска е најавена изјава на шефот на дипломатијата.
Прелетот не е дозволен поради санкциите воведени од поголем број држави од ЕУ и НАТО на кои се приклучи и Македонија откако Русија го почна нападот врз Украина.
Руски авиони не може да вршат прелети преку поголем дел од Европа, а линкот за прелети кон други делови од светот им е Турција која не се приклучи на воздушните санкции.
Лавров требаша да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ кој се приклучи на повеќе осуди на руската инвазија, но Србија не воведе санкции поради блиските врски со Москва и српската зависност од руски гас и енергенси.
Лавров требаша да ја посети Србија на 6-ти и 7-ми јуни со што пак се проблематизираше посетата на германскиот канцелар Шолц на Белград закажана на 10-ти јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.