Постои дијалог на доверба меѓу Русија и Србија, изјави синоќа во Белград рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, нагласувајќи ја важноста на стратешкото партнерство меѓу двете земји, пренесува БГНЕС.

Говорејќи на заедничката прес-конференција по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, Лавров рече дека најновата „потврда за доследниот развој на стратешкото партнерство на двете земји“ е состанок на Меѓувладиниот комитет, на кој се преземени „конкретни чекори“ за подобрување соработка.

Сакам да ја истакнам стратешката природа на нашата врска. Пренесов топли поздрави и најдобри желби од претседателот (Владимир) Путин, ние сме решени да го продолжиме дијалогот на највисоко ниво, ги разгледавме можните контакти меѓу двајцата претседатели и ќе ја договориме оваа средба – рече Лавров.

Тој нагласи дека Русија останува зад тоа дека решението за косовското прашање треба да се заснова на почитување на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и да се базира на директен дијалог меѓу Белград и Приштина и одобрен од Советот за безбедност на ОН.

Лавров, кој пристигна во Белград по повод 60-годишнината од Движењето на неврзаните, рече дека Русија е загрижена поради „провокацијата на северот на Косово“.

Ја цениме воздржаноста на Србија и цврстиот став на претседателот Вучиќ, што овозможи да се реши кризата, рече шефот на руската дипломатија. Тој оцени дека е „време да се спроведат договорите постигнати пред неколку години“, особено за формирање на Заедница на српски општини.

Ќе прифатиме секоја одлука што е добра за српскиот народ. ЕУ има посебна одговорност за дијалогот, бидејќи е одобрен од Генералното собрание на ОН. Претходните договори, мора веднаш да се спроведат – рече Лавров.

Министерот за надворешни работи на Русија рече дека разговарал со Вучиќ и за ситуацијата на Балканот.

Србија е фактор на мир и стабилност во регионот и нејзините ставови мора да се земат предвид при каква било размена на мислења – рече Лавров.

Прашан за наводите дека Русија се меша во внатрешните работи на Западен Балкан, Лавров рече дека Москва е навикната на таквите тврдења.“.

Ние сме во такви односи со Србија и другите земји во регионот што најважно за нас е взаемна корист и рамнотежа на интереси. Сите наши договори со Србија и другите земји во регионот се базираат на ова. Одамна знаеме дека ЕУ претендира на овој регион и дека смета дека другите нема што да бараат во него – рече Лавров.

Тој оцени дека ЕУ води политика која е далеку од конструктивна.

Ни е кажано дека немаме право да преземаме иницијатива во оние делови од светот каде што ЕУ има свои интереси. Непотребно е да се каже, ова е неоколонијално размислување. Обвинувањата дека Русија крши одредени правила на меѓународното право на Западен Балкан се неосновани. Ако имате какви било докази, ве молиме дајте ги – рече Лавров.

Дипломатот заклучи дека има „пристрасност кон руските вакцини од политички причини“, мислејќи на тоа дека се уште не е постигнат договор со Москва за заемно признавање на потврдата за вакцинација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.