Една необична ситуација на антивладините протести во Ирак го заобиколи светот. Имено, маж одучил да го прошета својот лав на протестите против владата во Ирак. На снимката објавена од британски „Индепендент“, може да се забележи дека лавот е преврзан со знамето на земјата од Блискиот исток, додека неговиот „сопсвеник“ го шета со ланец.
Лавот кратко го повлече човекот кој го шета кон на мала група на луѓе, а потоа може да се забележи како неговиот „газда“ клечи до него и го гали.
Не е познато каде точно е снимена оваа необична ситуација, но во текот на минатиот месец имаше голема бројка на насилни протести во главниот град Багдад, но и во јужните провинции на земјата.
Најмалку 320 лица загинаа досега, додека илјадници се повредени, откако демонстрантите се судираа со безбедносните сили.
Четири лица се убиени и повеќе од 65 повредени во судирите на демонстрантите и ирачките безбедносни сили, кои се обидуваат да ги потиснат се до нивниот централен камп во Багдад, рекоа полициски извори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.