Најмалку седуммина загинаа во австриските Алпи поради големо количество снег кој напаѓа во текот на викендот, додека скијачи во Австрија, Германија и Италија се соочени со опасност од лавини, јавува Би-би-си.

Две лавини во неделата усмртиле двајца скијачи во Австрија, на планините во Ворарлберг. Трет скијач загинал во округот Понгау, во лизина на Салцбург.

Во Баварија загинал скијач откако врз него се урнале дрвја во близина на Бад Толц. Лавина усмртила жена во Тајсенберг.

Двајца качувачи загинале во италијанските Алпи, северно од Торино.

Повеќе исчезнати

Спасувачи се уште бараат неколку исчезнати луѓе во другите делови на Алпите.

Во Австрија, во Тирол, и во баварските Алпи е на сила највисокиот втор степен опасност од лавини. Издадено е предупредување скијачите да ги избегнуваат неозначените патеки надвор од скијалиштата, а многу планински патишта се затворени поради опасност од лавини.

Во Баварија се затворени многу училишта, а откажани се и некои железнички линии. Следните денови се очекува уште повеќе снег, во Австрија и до 120 цм нов снег.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.