Лара Трамп, снаа на американскиот претседател Доналд Трамп, има намера да се кандидира на изборите за Сенатот во нејзината родна држава Северна Каролина во 2022 година, пренесуваат Њујорк Тајмс и Политико.

Лара Трамп е сопруга на Ерик Трамп, синот на претседателот Доналд Трамп, кој сè уште одбива да го признае поразот на претседателските избори на 3 ноември, на кои победи на демократот Џо Бајден.

Списокот на републикански кандидати кои се кандидираат за функциите се очекува да биде долг. Според „Политико“, потенцијални кандидати се шефот на кабинетот на Трамп, Марк Медоус и поранешниот гувернер Пат Мекгори и актуелниот гувернер Ден Форест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.