Пакистанскиот град Лахорe утрово е најзагадениот град во светот, објави швајцарската компанија за следење на квалитетот на воздухот „IQAir“.

На второ место до 10.00 часот беше Њу Делхи во Индија, а трета беше Дака во Бангладеш.

Голем облак од смог и воздух полн со отровни честички ги принуди луѓето во Лахоре да останат дома и да не излегуваат без потреба. Лекарите препорачуваат граѓаните да носат маски за да се заштитат од вдишување токсични материи кои можат да предизвикаат тешки респираторни заболувања и да влијаат на прераната смрт.

Лахоре порано беше познат како град на градини, но брзата урбанизација и порастот на населението го уништија зеленилото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.