Австрискиот канцелар Себастиан Курц поднесе оставка на функцијата, по притисокот од јавноста и опозицијата поради неговата наводна вмешаност во коруптивни скандали.
Во обраќањето до нацијата Курц рече дека секогаш се обидувал да даде свој придонес за Австрија, а додаде дека во изминатата година и пол многу се барало од него.
И јас сум само човек, рече Курц и додаде дека државата му е поважна од него самиот.
За негов заменик го предложи министерот за надворешни работи Александар Шаленберг. Курц заедно со уште девет негови соработници е обвинет дека користел владини пари за партиски цели. Истрагата ја започна државното обвинителство за економски криминал. Тие се обвинети за проневера на даночни пари во 2017 година, кои ги користеле за медиумски кампањи во корист на партијата. Австрискиот канцелар ги отфрли обвинувањата, но опозицијата инсистираше тој да одговара, а изминативе денови на улиците во Виена се одржаа масовни протести со барање за негова оставка.
Курц, исто така, е под истрага за наводно лажно сведочење пред парламентарната комисија за расветлување на таканаречениот скандал „Ибица“, во чиј ек тогашната популистичко-либерална влада, составена од популисти и екстремно десничари, падна пролетта 2019 година. И за тој случај, Курц се изјасни за невин.
35-годишниот Курц засега ќе остане претседател на партијата и претседател на клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.