Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц и неговите најблиски соработници се осомничени дека со пари на даночните обврзници плаќале медиуми да објавуваат позитивни вести за него и за неговата Австриска народна партија (ОВП).

Како што соопшти австриската Канцеларијата на државниот обвинител за економски прашања и корупција (ВКСТА), постои сомнение дека на агенциите за испитување на јавното мислење им се исплаќале средства од новото Министерство за финансии за „исклучиво партиски мотивирани, понекогаш наместени анкети“ во интерес на Курц.

Покрај тоа, јавните пари биле исплаќани за рекламирање во еден медиум.

Австрискиот весник „Дер Стандард“, претходно објави дека вредноста на договорот за рекламирање и соработка изнесувал 1,3 милиони евра.

Владејачката ОВП и осомничените медиуми ги негираат обвинувањата.

Обвинителите извршија претреси во седиштето на ОВП, во Владата и во Министерството за финансии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.