Австрискиот конзервативен челник Себастиан Курц и неговата Народна партија победија на денешните вонредни парламентарни избори во Австрија, но ќе им биде потребен коалиционен партнер за составување на стабилна влада.
Народната партија освоила 37,2 проценти од гласовите, втора е Социјалдемократската партија со освоени 22 проценти, додека трета е Слободарската партија со 16 проценти.
Следат Зелените со освоени 14, 3 проценти и либералите со освоени 7,4 проценти од гласовите, соопшти агенцијата „СОРА“.
Победничката партија има на располагање неколку опции за коалиционен партнер кој ќе овозможи стабилно мнозинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.