Австрискиот канцелар Себастијан Курц упати критика кон Европска унија поради начинот на борба против новиот корнавирус, истакнувајќи дека Брисел немал ниту еден добар предлог за
соочиување со проблемот.
Ако Брисел имаше еден добар предлог веднаш ќе го прифатевме. Наместо тоа ЕУ ја критикуваше Австрија дека ги затвора границите. Предлозите како „Ве молам држете ги гранците отворени“ во ова време не може да се сметаат за сериозни, истакна Курц за австриската државна телевизија ОРФ.
Тој нагласи дека најважно е да го заштити сопственото население. Курц посочи дека нема алтернатива за мерките што ги понуди Владата и оти засега не гледа конкретни сигнали за намалување на ограничувањата.
Навистина се тешки времиња пред нас. Во моментот мораме да направиме се за да не не погоди бурата така силно како Италија,, наведе Курц, додавајќи оти не негира дека мерките даваат резултати, но оти се потребни поголеми напори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.