Канцеларот Себастијан Курц предложи распишување нови избори откако Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе оставка по скандалот што го нарече „политички атентат“.
Му предложив на претседателот денеска да одржи вонредни избори во Австрија што поскоро“, рече австрискиот канцелар.
Скандалот во врска со вицеканцеларот и претседател на Слободарската партија, Хајнц Кристијан Штрахе, веќе поднесе оставка од сите политички функции.
Оставката следува по објавувањето на видео-запис од 2017 година, на кој се гледа како Штрахе, на наводна внука на руски милијардер и нуди државни работи за финансиска помош на неговата партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.