Првичните резултати од изборите во Австрија покажаа дека Себастијан Курц води со 37,2 проценти од гласовите, на второ место се Социјалдемократите со 22 проценти од гласовите, Слободарската партија со 15, Зелените со 14,3 проценти и Неос со 7,4 посто од гласовите. Ова с е првите прелиминарни резултати, откако се затворија сите изборни места.
Овие резултати се добиени од 46,4 проценти преброени гласови при што ОВП освои 37,2 проценти од гласовите, што е 5,7 проценти повеќе во однос на 2017 година.
Себастијан Курц и Народната партија се победници на изборите, а изгубија Социјалдемократите и Слободарската партија.
Според првичните резулатите добар резултат имаат Зелените. Курц и неговата десница остануваат на власт и сега се отвара можноста за коалиција. Разговорите ќе покажат која е идеална комбинација.
Не сме задоволни, е првата реакција на Памела Ренди Вагнер, лидер на Социјалдемократите.
Според Курц, ова е историски резултат бидејќи никогаш немало толкава разлика меѓу ОВП и другите партии. Тој нагласи дека сега треба да се свртат кон работата за доброто на Австрија.
Тргнати сме во мај од власт, поминавме 4 тешки месеци и денеска гласачите ни вратија со гласови. Добивме голема доверба што е во исто време и голема одговорност што ја прифаќаме со почит. Ветувам дека ќе направиме се да ја оправдаме довербата и ќе работиме најдобро што можеме за доброто на Аврстрија, рече Курц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.