Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предупреди дека очекува ситуацијата со корона вирусот да се нормализира дури следното лето, откако ќе поминат тешките есен и зима.

На кратко, би рекол дека врз основа на она што го знаеме денес, веројатно е дека следното лето би можело да биде нормално. Но, во исто време, мора да ни биде јасно дека наредните месеци ќе бидат тешки, со почетокот на учебната година, зимата и со бројните активности кои од отворено ќе се преместат во затворен простор. А доаѓа и сезоната на грип – истакна Курц.

Во Австрија оваа недела има рекордни, во просек, 300 нови случаи дневно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.