Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба денеска изјави дека многу руски војници ќе загинат доколку Русија изврши инвазија на неговата земја.

САД и нивните сојузници можат економски да ја нападнат Русија. Ние ќе се бориме на земја. Жал ми е што го кажувам ова, но ќе има многу убиени руски војници. Се надеваме дека претседателот Путин не сака тоа да се случи – рече Кулеба за време на неговата официјална посета на Велика Британија.

Шефот на украинската дипломатија изјави дека работи со сојузниците, како САД и Велика Британија, за начините како да се одбрани од Кремљ, но јасно стави до знаење дека украинската армија е подготвена да ја брани земјата.

Ние, заедно со нашите партнери, треба да ја направиме ситуацијата таква што цената за Путин ќе биде неподнослива – рече Кулеба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.