Куковите Острови, самоуправна област со 17.000 жители која е во слободен сојуз со Нов Зеланд, сака да го смени името што пред два века го доби според познатиот британски морепловец Џемс Кук.

Од владината комисија надлежна за избирање на ново име државата која се простира на 15 острови во Јужниот Пацифик на оддалеченост од 3.000 километри од Нов Зеланд, соопшти дека веќе има 64 предлози за ново име на јазикот на локалните Маори.

Меѓу нив се и предлози како Rangiaro (Љубов од Небото) и Рароатуа (Обединети под Бога).

Време е да го избереме нашето име на нашиот јазик и кое ќе укажува на полинезиската култура, вели претседателот на Комисијата, Дани Матаро .

Првиот Европеец кој ги видел островите веројатно бил шпанската морнарица Алваро де Мендана во 16 век, но славата за нивното откритие во 1773 година била припишана на морепловецот Џемс Кук.

Но, тој не ги именувал островите според неговото име, туку тоа го сториле двајца руски картографи 50 години подоцна.

Кукови острови станаа британски протекторат во 19 век, а подоцна и територија на Нов Зеланд, се до1965 година кога добија самоуправа.

Процесот на промена на името може да потрае и до две години, рече Матароа, а најверојатно ќе биде потврден и со референдум.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.