Кујтим Фејзулаи, напачот кој на 2 ноември уби четири и рани повеќе од 20 лица во центарот на Виена, работел во компанија која се занимавала со обезбедување на болници.
Негов долгогодишен пријател, кој се наоѓа во истражен затвор затоа што е осомничен за соучесништво, изјавил дека Фејзулаи, при првиот карантин во Австрија поради корона вирусот, бил вработен и примал минимална плата како обезбедување во болница.
Фејзулаи немал работен однос со болницата, туку со компанијата ангажирана за обезбедување на здравствената установа.
Според транскипти од сослушувањето, што ги пренесува агенцијата АПА, компанијата што му ја дала работата преку групата „Ватсап“, на дневна основа организирала луѓе да ги обезбедуваат објектите.
Осомничениот исто така изјавил дека Фејзулаи му понудил да заработи пари со обезбедување на објектите, но тој го одбил.
Тој понатаму посочил дека Фејзулаи, по раното пуштање на условна слобода во декември минатата година, имал долга брада и користел производи за раст на косата.
Инаку, мистеријата за тоа како стигнал до центарот на Виена најверојатно е решена, бидејќи сооред последните сознанија Фејзулаи наводно користел „Убер“ за да со неговото оружје стигне до местото на злосторството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.