Истрагата за терористичкиот напад од 2 ноември во центарот на Виена се повеќе укажува на тоа дека терористот Кујтим Фејзулаи бил дел од меѓународна исламистичка мрежа, а централна улога во оваа мрежа имал германски државјанин, осуден во Хамбург во 2017 година како странски терористички борец, кој до средината на октомври живеел во Виена.
По пресудата, овој германски државјанин важел за „голема риба“ во салафистичките кругови, а германските служби го окарактеризирале како лидер на радикалната исламистичка мрежа.
По пресудата од 2017 година, тој се преселил во Виена, каде што оддржувал контакти со австриската исламистичка сцена. Ја посетувал и џамијата во која често престојувал и виенскиот терорист Фејзулаи, кој на 2 ноември во терористичкиот напад уби четири и рани над 20 лица.
Австриската полиција претпоставува дека Германецот и Фејзулаи летово лично се запознале. Докажано е дека Германецот имал контакти и со двајца пријатели и познаници на Фејзулаи во Германија и уште двајца во Швајцарија.
Германскиот државјанин на 13 октомври бил уапсен и депортиран во Германија врз основа на забрана за престој, а оттогаш оддржувал контакти со виенските познаници преку социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.