Над 90 отсто од населението во Куба се вакцинирани со најмалку по една доза од вакцините против корона вирус, а 83 отсто од нив се целосно вакцинирани. Како што коментираат американските медиуми, државата имунизирала повеќе свои граѓани против корона вирусот отколку повеќето најголеми и најбогати земји во светот.
Додека многу соседни земји од Латинска Америка се натпреваруваа за да дојдат до вакцини произведени од побогати земји, здравствените власти на Куба постигнаа напредок во вакцинацијата со развивање сопствени вакцини против корона вирусот.
Бројот на нови инфекции и смртни случаи на островот е намален во последните недели. Речиси сите деца на Куба на возраст од две до 18 години сега се вакцинирани со домашни вакцини. Училиштата се отворени, а странските туристи се добредојдени.

Според очевидци на кои се повикуваат американски медиуми, болниците и мртовечниците, кои беа преполни во август, сега работат сосема нормално, односно се на ниво како пред пандемијата на корона вирусот.
Кубанските власти соопштија дека вакцините произведени во таа држава, „Абдала“, „Соберана“ (1, 2 и Плус), се базирани на протеини и обезбедуваат повеќе од 90 проценти заштита од Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.