Крузерот Коста Луминоса, на кој, како што се претпоставува, има неколку заразени со коронавирус, денес би требало да пристигне во Марсеј.
Се очекува крузерот во околу 15 часот по локално време да пристигне покрај брегот на Франција. На пловилото има околу 1.400 патници цел екипаж.
Бродот испловил на 24-ти февруари од пристаништето Еверглејдс на Флорида, а крајот на патувањето требало да биде на 25-ти март во Венеција, меѓутоа, одлучено е денес бродот да се закотви во Марсеј, со оглед на тоа дека неколку градови не дозволиле крузерот да пријде до нивните пристаништа.
Патниците и целиот екипаж за медиумите рекле дека се исплашени и дека не знаат што ќе се случи со нив кога ќе се закотват.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.