Бројката на жртви кои загинаа во синоќешната несреќа на Дунав во Будимпешта се искачи на осум, а бројот на исчезнати на 21. Бродот потона откако на него налета луксузен крузер, кој, според информации на унгарските медиуми, тежел околу 1000 тона.

Крузерот е долг 135 метри и широк 12 метри, а достигнува брзина до 15 километри на саат.

Спасувачите служби за локалните медиуми изјавиле дека мали се шансите да има преживеани меѓу оние по кои се трага.

Како портпарол на амбулантната служба, не сакам да кажувам дека нема надеж, но ќе речам дека шансите се минимални – изјавија од унгарската Брза помош.

Унгарската полиција отвори истрага за несреќата и во тек е увидот на лице место. До сега од реката се извлечени осум жртви, додека седуммина се хоспитализирани во три болници во Будимпешта.

Во меѓувреме јужнокорејското Министерство за надворешни работи соопшти дека во Будимпешта ќе допатува министерот Канг Кјунг Ва, бидејќи настраданите се државјани на Јужна Кореја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.