Крузерот „Дајмонд принсес“ на кој има 3.700 лица е во карантин, откако е откриено дека најмалку десет патници имаат коронавирус, соопштија здравствените власти во Јапонија.

Крузерот е закотвен во пристаништето во Јокохама. Се верува дека бројката на заразени би можела да порасне.

Прегледите почнале откако се разболел 80-годишен маж од Хонгконг, кој бил на крузерот минатиот месец. Сите десетмина заразени се на возраст над 50 години, но никој не е животно загрозен.

Во Кина, бројката на заразени се зголеми на повеќе од 24.300, а 490 луѓе починале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.