Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, предупреди дека ќе бидат преземени чекори за балансирање на ситуацијата доколку дојде до распоредување различни видови оружје во близина на границата со Русија.

Не е тајна дека распоредувањето на различни видови оружје на нашите граници, кое може да претставува закана, ќе значи преземање соодветни чекори за да се балансира ситуацијата – изјави Песков, дополнувајќи дека се можни различни опции.

И белорускиот министер за надворешни работи, Владимир Макеј, вчера соопшти дека земјата е подготвена да распореди нуклеарно оружје во случај на закана од НАТО.

Она што го кажа претседателот, Александар Лукашенко, е дека ја разгледуваме можноста за распоредување нуклеарно оружје на белоруска територија како еден од можните одговори на идните акции на Северноатлантската алијанса на територијата на Полска – изјави Макеј.

Претходно, Лукашенко изјави дека Белорусија и понудила на Москва да постави нуклеарно оружје на нејзина територија, доколку НАТО постави нуклеарно оружје во Полска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.