Шпанските медиуми јавуваат дека пристигнале резултатите од тестовите за коронавирус на нивниот крал Фелипе, кој, за среќа, е негативен. Но, за резултатите од тестот на кралицата Летиција, „Ел Паис“ не пишува ниту дека е позитивен ниту дека е негативен, само дека е ставена во карантин.

Кралицата Летиција дополнително ќе ги одложи сите свои активности и ќе се подложи на редовно мерење на температурата и други тестови, пренесува Ел Паис.

Шпанска кралска двојка се подложи на тест откако кралицата Летиција се состана со министерката за рамноправност Ирена Монтеро. Кралицата Летиција се поздравила со министерката Монтеро бакнувајќи се во образ.

Во меѓувреме, потврдено е дека шпанската политичарка е позитивна на коронавирус, како и нејзиниот партнер. Поради тоа постои голема веројатност вирусот да се појави и во телото на самата кралица, која останува во карантин.

Пред сомневањето за зараза од вирусот и тестирањето, Фелипе и неговата сопруга го посетиле Париз и канцеларијата на претседателот Макрон. Но, за време на неговата посета со францускиот претседател и првата дама, Брижит Макрон немало ракување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.