Дијамантскиот тајкун Нирав Моди, чии дијаманти некогаш ги краселе ѕвездите од Боливуд до Холивуд, е уапсен во вторникот во Лондон. Индиските власти соопштиле дека бил вмешан во банкарска измама од 1,8 милијарди долари.

48-годишниот Моди бил притворен во централниот дел на Лондон и останал во притвор преку ноќта, соопштила лондонската полиција.

Тој денес ќе се појави пред лондонскиот Вестминстерски прекршочен суд на сослушување за одредување на кауција.

View image on Twitter

Индиските власти барале апсење на Моди од февруари 2018-та година, кога наводно компаниите кои ги контролирал ја измамиле националната банка “Панџаб”, користејќи лажни финансиски документи за да добијат кредити за купување и увоз на дијаманти.

Полицијата во Индија подоцна ги пребарала куќите и канцелариите на Моди и неговиот партнер Мехул Чокси, запленувајќи речиси 800 милиони долари во дијаманти и злато.

Се смета дека тие ја напуштиле Индија пред да биде откриена наводната измама.

Моди ги негирал тие наводи и побарал политички азил во Велика Британија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.