Британската кралица Елизабета втора е подготвена да плати дури 67.000 американски долари годишно за личноста која ќе управува со нејзините профили на социјалните мрежи, се со цел да се пронајдат, како што рече и таа, нови начини за одржување на нејзиното присуство во јавноста.
Кралското семејство, кое од неодамна е присутно и на Линкедлн (социјална мрежа за професионалци), истакна дека работата подразбира анимирање на публика од целиот свет, а не само во Велика Британија и земјите од Комонвелтот.
Вистинскиот кандидат ќе управува со мал дигитален тим на експерти, ќе создава стратегии за содржини за нашите дигитални канали и ќе работи со колегите за континуирано подобрување на нашето дигитално присуство – се вели во објавата.
Личноста којашто ќе биде избрана мора, како што се бара, да осигури дека дигиталните канали на кралицата ќе бидат интересни за публиката, а во исто време ќе го зачуваат угледот и влијанието на семејството. Таа личност, исто така, треба да има искуство во користење на различни платформи за управување со содржини, социјални мрежи и алатки за аналитика, пренесува СиЕнБиСи.
Менаџерот за социјални мрежи би имал 33 дена платен годишен одмор (вклучувајќи и празници), бесплатен ручек, обука и платени придонеси за пензиско осигурување.
Годишната плата за работното место се движи помеѓу 45.000 и 50.000 фунти (околу 67.000 американски долари) во зависност од работното искуство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.