Британската кралица Елизабета Втора во саботата се вакцинираше против коронавирусот. Вакциниран е и нејзиниот сопруг Филип, објави Бакингемската палата.

Кралицата и војводата од Единбург ја примија вакцината – се вели во краткото соопштение.

Кралицата има 94 години, а Филип 99.

Нивен близок извор изјави дека и двајцата биле вакцинирани од личен лекар во замокот Виндзор, додавајќи дека кралицата ја објавила веста за да се спречат можни шпекулации.

Велика Британија вчера ја одобри вакцината на Модерна, трета во борбата против пандемијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.